ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: ВИКНЕТЕ ЈА НАТАША НЕКА ИМ КАЖЕ КАКО ДОМАЌИНСКИ СЕ ВОДИ ГРАД

Вечерва во Битола СДСМ ја одржа трибината насловена “Повеќе за сите”.

“Владата предводена од СДСМ го донесе деветтиот пакет на антикризни мерки. Со 662 милиони евра опфатени се повеќе од 400.000 граѓани” рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
На оваа трибина свое обраќање имаше и потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Присутните ги поздрави и претседателот на битолската СДСМ, Драган Крајовски.

„Сметките за данок на имот ви се покачени за 300 проценти во Битола. А што цената на просторот да не е покачена за 300 проценти, па данокот да се покачи за 300 проценти. Ако се покачува цена на просторот, ако се покачува цената на кирија, тогаш во ред е да се покачи и данокот. Но, јас не гледам дека е покачено. Покачено е за да може таму да има поголеми приходи во општините. И каде одат приходите? Што имате вие добиено во Битола? Има некој нов булевар овде? Има некоја нова зграда? Има некоја нова фонтана? Има некој нов парк? Што има ново? Ништо. Јас Битола ја гледам иста.

Сега сакале и сметките за вода и сметките за канализација, се да зголемат врз грбот на битолчани. Меѓутоа како до сега, така и во наредниот период СДСМ ќе направи се за да го заштити интересот на граѓаните и ќе ги преземе сите мерки преку нашата советничка група да го спречи ова расипништво на локалната власт во Битола.

До сега во Битола ДПМНЕ потрошија 60 милиони евра. И каде се резултатите?  За две години од мандатот имаат потрошено буџет од 60 милиони евра. Каде се резултатите?  Има резутати? Нема резултатите. Е па кажете го тоа на улица. Кажете го тоа на улица.

Ние имавме прекрасен градоначалник на Битола. Наташа градоначалничката, една воспитана, прекрасна жена. Викнете ја неа, таа нека им каже, таа нека им каже како домаќински се води град, а не потрошени 60 милиони евра за ништо. Но, затоа е тука СДСМ за граѓаните“ рече Ковачевски