ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН КЛУБ ВО БЛАГОЕВГРАД

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека тоа што македонски граѓани денеска може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија е една од придобивките на договорот со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и најави дека Владата ќе поднесе официјално барање до владата во Софија со цел отворање на Културно информативен центар на Македонија во Бугарија.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствува на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, Ковачевски рече дека не бил во Бугарија затоа што знаел дека денеска ќе има седница на Влада, токму за справување со енергетската криза.

„Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и среќен сум што дури и опозицијата го признава тоа“ изјави Коавечсвки, одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која ги презентираше мерките за поддршка стопанството и граѓаните.

Единствено, нагласи тој, барам секогаш да покажуваме добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети со било која друга држава.

За тоа дали можеби наредната недела ќе го посети клубот, Ковачевски рече дека следната недела ќе биде во Берлин на конференција за берлинската иницијатива, каде ќе има потпишување договори со земјите од Западен Балкан.

„Владата ќе поднесе официјално барање до владата на Бугарија со цел отворање на Културно информативен центар на Северна Македонија во Бугарија, како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и каде што ќе можат сите граѓани кои се самоопределуваат како Македонци да го посетуваат и да се запознаваат со нашата култура и литература. Со се она што значи македонско наследство, како оние што се самоопределуваат како Македонци, така и оние кои што се самоопределуваат на друг начин, за да можат да се запознаат со нашата култура“ изјави Ковачевски.