Ковачевски и Заев ги отфрлија обвинувањата на Мицкоски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски денеска ги отфрли обвинувањата од вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за наводен криминал, корупција и непотизам во работењето на најголемиот електроенергетски комбинат.

Ковачевски рече дека носител на јавната набавка за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола е фирмата ГП „Пелистер“- Битола и согласно договорот, ГП „Пелистер“ има можност да ангажира подизведувачи, за што комбинатот мора навремено и прецизно да биде известен и за тоа да добие согласност.

Директорот на РЕК Битола рече дека најодговорно тврдат дека споменатите фирми од страна на Мицкоски ниту некогаш работеле, ниту во моментов работат како подизведувачи на ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола.

„Има неколку начини со кои многу лесно тоа може да се потврди – преку записниците за изведување на работите, извештајот за работа на ПЕ Рудници, извештаите за влез и излез на лица, возила и опрема во Комбинатот. Со Мицкоски се согласуваме само за едно – надлежните институции, а посебно Јавното обвинителство треба и мора да ги проверат неговите јавно изнесени наводи и да ја утврдат вистината, изјави првиот човек на РЕК Битола, Васко Ковачевски.

Ковачевски најави дека во иднина секој оној, вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе изнесе конструирани невистини, лажни факти и дезинформации со кои ќе ја замајува јавноста, ќе се соочи со одлучен и категоричен одговор.

За обвинувањата на Мицкоски денески реагираша и премиерот Заев.

„Пред два месеци со семејството Заеви донесовме одлука да се продаде механизацијата за ископ на јаглен. Фирмата ги отуѓи овие машини, а тоа е направено пред долго време. Само по себе, за мене, ова е обид на опозицијата преку лаги да инсинуира конструкции кои не се точни. Механизацијата од фирмата на мојот брат не работи во РЕК Битола и нема да работи“, вели Заев, кој додаде дека секој политичар е свесен за своите постапки.

Share.