ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ НАЈАВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА СТРУЈА

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во новогодишното обраќање најави зголемување на производството на електрична енергија за 20 проценти, споредбено со ланската година.

,, Почитувани граѓани,

Зад нас оставaме исклучително тешка година на енергетски план, a пред нас e година исполнета со нови предизвици.

АД ЕСМ во 2022 година се соочи со предизвикот да менаџира две големи кризи – кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија. Како компанија, можеме да кажеме дека успешно ја извршивме и ја вршиме нашата мисија во ова тешко време – обезбедуваме електрична енергија и топлина за граѓаните, за институциите, за стопанството. Без ниту еден ден рестрикции.

Во 2022 година имаме зголемено производство за 27% во споредба со претходната година. Планот за 2023 година е да се зголеми производството на електрична енергија за околу  20% споредено со лани. Успеваме да ги ставиме во функција сите домашни производствени капацитети на електрична енергија, а со тоа се намалува зазвисноста од набавка на скапа струја. Домашното производство е најевтино и затоа го зголемуваме. Дополнително, во време на криза значително ги намалуваме трошоците за производство и непродуктивните трошоци. Така, успеваме да ја задржиме пониска цената на електричната енергија за граѓаните и малите бизниси.

Почитувани граѓани,

Изминатиов период покажавме дека со добро менаџирање успеваме да обезбедиме доволно количини на јаглен, мазут и природен гас. Имаме стабилни договори за набавка на енергенси, како и за останатите потреби за процесот на производство.

Во време на енергетска криза, одговоривме на сите задолженија од страна на Владата. За граѓаните и малите бизниси обезбедивме 100% електрична енергија, а со поевтина енергија ги снабдуваме и болници, училишта, водостопански претпријатија, прехранбени капацитети, како и поголем дел од виталните институции во државата.

Што се однесува до топлинската енергија за Градот Скопје, кога сите кренаа раце и избегаа од одговорност, АД ЕСМ по задолжени од Владата го презеде и овој товар. И успешно се справува со обезбедувањето на потребните ресурси и испораката на топлинска енергија на задоволство на огромен број на граѓани.

И покрај тековната криза со која се справуваме, паралелно ги реализираме инвестициите во обновливи извори на енергија. Ставена е во функција првата државна фотонапонска електрана во Осломеј, а се градат уште две со приватни партнери од странство. Во тек се подготовки за нови фотонапонски електрани во РЕК Битола, Тиквеш, Маврово и други локации. Се зголемува и капацитетот на Ветерниот парк во Богданци, а се подготвува и нов ветерен парк во Миравци. Во тек е третата фаза за ревитализација на хидропотенцијалот, а се очекува и успешна постапка за стратешки важната хидроелектрана Чебрен. Енергетската транзиција е во тек и засилено ќе ја продолжиме. Мора да се грижиме за нашето здравје, за здрава и чиста животна средина.

Почитувани граѓани,

Во оваа прилика сакам јавно да се заблагодарам на сите наши вработени во рудниците, термоелектраните, хидроелектраните, во службите, на директорите на подружниците и ДООЕЛ-ите и менаџерскиот тим на АД ЕСМ, на Премиерот и министрите во Владата и сите оние кои помогнаа со својот влог и дополнителен ангажман да ги надминеме сите предизвици што ги донесе кризата.

За новогодишните и божиќните празници, на сите што не поддржуваа и тие што не критикуваа, тие што ни помагаа и тие што ни одмагаа, им посакувам добро празнично расположение. Празнувајте енергетски одговорно, штедете ја електричната енергија.

Во годината пред нас, на сите ви посакувам добро здравје и успех на секое поле. Среќна Нова 2023 година! “ порача Ковачевски.