ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НЕКОЈ ДА СИ ИГРА СО ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА

„Никогаш не се откажавме и нема да се откажеме од нашата визија за европска Македонија со европски животен стандард и европски вредности, да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби“,порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред присутните граѓани на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во Крушево.

„Нашиот план за иднината е амбициозен но остварлив.Основната цел на нашата програма е брзи и успешни преговори со ЕУ затоа што знаеме дека само на тој начин може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и подобро владеење на правото. Ветуваме повисоки плати и пензии, многу поволности за нашите млади кои ќе имаат поддршка и во своите средношколските и во факултетските денови со низа мерки и пакети од финансиска помош“, рече Ковачевски.

Тој презентираше дел од изборната програма на Коалицијата за европска иднина која предвидува повисоки плати и пензии, како и многу поволности за младите, кои ќе имаат поддршка и во своите средношколски и во факултетските денови со низа мерки и пакети.

„Во духот на социјал-демократијата, предвидуваме граѓаните да станат акционери во државните енергетски компании. И конечно, ќе се избориме против злоупотребите, неправдите, системската корупција. Тоа е нешто што мора да го направиме на патот кон ЕУ и ние цврсто се обврзуваме дека така ќе биде“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 8-ми мај и да го поддржат претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

„Нашата идеја е европска Македонија. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет вграден во европскиот значи остварување на сонот на Илинденците, на партизаните, на револуционерите, на сите кои се бореле за држава која ќе биде рамо до рамо со големите демократски, европски држави“, порача носителот на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, вечерва од митингот во Крушево.

„Затоа, Ве повикувам да се обединиме. Да ги здружиме силите, да ја шириме пораката до сите, до нашите пријатели, соседи, до разочараните, до оние што сакаат да останат дома. Да не дозволиме да се вратат оние кои Македонија ја донесоа до бездна“, нагласи Митрески.

Тој порача дека 8 мај е клучен ден и ги повика крушевчан и и сите граѓани на Македонија да застанеме сите сложно зад бројот 1 и за пратеничките листи на СДСМ и нашиот претседател Стево Пендаровски.

„Од вчера, откако се договоривме да дојдеме тука, 100тина луѓе ме прашаа а што барате во Крушево вие кандидати од сите ИЕ. Одговорот е едноставен, за да почуствуваме дел од победничката и борбената атмосфера и да ја пренесеме во сите ИЕ, низ цела држава. Јас ви ветувам дека оваа срце големо социјалдемократско на Крушево што го почуствуваме вечерва ќе го пренесеме до секое место во секоја ИЕ. И на 8 ми мај ќе славиме исто како во Крушево“, порача секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

На изборниот митинг во Крушево, на кој говореа и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Љупчо Николовски,  Маричиќ истакна дека во Крушево сите тие и членовите на СДСМ се уште повеќе инспирирани да не се откажат од постигнување победнички резултат на изборите.

„Не се откажаа славните војводи на Македонската револуционерна организација кога ја основаа Крушевската Република, ниту партизаните во вториот Илинден, со АСНОМ се оствари вековниот сон – држава на македонскиот народ и на сите други кои се собраа заедно да го остварат вековниот стремеж покажувајќи пример за пркос, визија и одлучност. Нема откажување велиме и ние кои денес сакаме ја градиме нашата борба за успех на изборите на 8 мај“, потенцираше Маричиќ.

Тој посочи дека е „гласна е пораката на граѓаните од првиот круг на претседателските избори, но дека СДСМ е партија која е прекалена во тешки битки со големи победи и секогаш достоинствена и моќна, цврста како бедем кога е најсилно предизвикана“.