Премиерот Димитар Ковачевски в четврток ќе поднесе оставка, по што ќе се отворат процесите за формирање техничка влада, која треба да го овозможи спроведувањето на парламентарните избори на 8 мај.
Ковачевски ова го изјави денеска одговарајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата „Година на европски можности“, која се одржува во Скопје.
„Има време до недела сите да размислат и сите да ја гласаат техничката влада. Не може некој да се однесува како 13-годишно дете, да вели јас ќе предложам министри и нема да гласам. Секој мора да биде сериозен, никаде во свет нема да најдете пример каде предлагате министри, а барате друг да ви ги гласа“, рече премиерот Ковачевски.












