ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: СТАНАВМЕ ЛИДЕРИ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА ВО РЕГИОНОТ

„Во време на криза најголема со која се соочила Европа, од таа по втората светска војна ја наметна потребата од три клучни работи кои ги преземавме и реализиравме изминатиот период. Првата е Северна Македонија водеше стратешки домашни политики за снабдување со храна, енергија, и зголемување на производството со цел системот да функционира, граѓаните да се заштитат од ценовни шокови, компаниите да бидат ликвидни, и виталните функции на државата да се одвиваат ннепречено,“ рече Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово.

Втората клучна работа на која се осврна Ковачевски е обединувањето со регионот , при што клучна беше подршка од ЕУ во градењето на побезбедна , посигурна позелена енергетска иднина за државата. И трето со растот на инвестициите во обновливите извори на енергија, кризата беше претворена во можност, станавме лидери во енергетската транзиција во регионот и ја претворивме земјата во зелен енергетски хаб.

„За прв пат од незнисноста на државата, донесовме низа системски одлуки со кои се насочивме кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и енергија. Тргнувајќи опд природните потенцијали на нашата земја, плодна земја, сонце, ветер, вода, вреден народ, како предуслов за производство на храна и вложување во обновливи извори на енергија,“рече Ковачевски.

Тој посочи дека покрај природните потенцијали на напшата држава дека имаме нешто што другите го немаат, а тоа дека сме единствени кои имаат 280 сончеви денови во годината.