ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ ЌЕ БИДЕ НОСИТЕЛ ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

„Сметам дека сите носители на листи и сите кандидати ќе го искористат своето право да ги презентираат своите програми пред гласачите, односно гледачите на медиумите така да сосема е нормално дека јас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме изборно соочување или изборни соочувања на кои што ќе можеме да разговараме за нашите ставови и погледи во однос на политичката иднина на Северна Македонија.“, истакна Премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Тој додаде дека ќе биде носител на Изборна Единица 1.
„СДСМ и коалицијата ќе победи на избори, затоа што од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата“ рече тој.

Тој додаде дека е направен успешен скрининг процес кој што завршува идната недела европскиот совет. Според него, заклучоците на европскиот совет ќе бидат дека Северна Македонија направила успешен скрининг и останува да ги направи уставните измени кои се обврска во преговарачката рамка за да се продолжи со отварањето на поглавјето.

„СДСМ ќе победи на избори и нема да чекаме 10 години. Затоа што, од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата“, заклучи Ковачевски.

Тој вели дека  СДСМ е партија со најголем демократски капацитет во државата и дека нивниот претседателски кандидат ќе има визија за полноправно членство во ЕУ со економски раст.

„СДСМ е партија со најголем демократски капацитет во државата и претседателот на партијата го бираме на непосредни избори и можам да ви кажам задачите како политички кандидат, тоа е претседателски кандидат која што се залага за евроинтеграцијата на државата, претседателски кандидат кој што се залага за надворешна политика која што е целосна усогласена со НАТО како членка на НАТО и со надвортешната политика на ЕУ, “ истакна Премиерот

Тој додаде дека според него претседателски кандидат од страна на СДСМ е оној кој што ги почитува меѓународните договори во државата, кој што ја почитува преговарачката рамка на државата со ЕУ, кој што сите граѓани без разлика на нивната етничка и било која друга припадност се еднакви пред него и претседателски кандидат кој што има визија за полноправно членство на ЕУ со економски раст со врвно владеење на демократија и правда и со судот.

„Стево Пендаровски ако го гледаме неговото работење изминатите 5 години веќе скоро, тој апсолутно ги исполнува овие вредности и затоа и тогаш бил кандидат, бидејќи претседателот Пендаровски беше кандидиран како консузуален кандидат и да не заборавиме дека тој беше положен отворено од коалиција која што вклучуваше“, потенцираше Ковачевски.

Тој заклучи дека повикот на СДСМ е до сите политички партии кој што ги делат овие вредности.