Кога коцките треба да се поклопат, се поклопуваат

Приказната, енергијата и луѓето сплотени сосема природно и неизнудено..и ете го резулатот.

Сега нека плови во етерот и нека се здружува со свежи очи и уши….-вака пејачката Калина Велковска го најави своето најново музичко видео за песната 4.

Имено на триест и шестото издание на   „Макфест”. Со оваа композиција ја освои наградата за најдобар дебитант.

„4″ е уникатна композиција со лична нотна приказна, која буди емоции. Музиката и текстот на песната се дело на Сара Мејс, додека пак аранжманот и аудио продукцијата се на Иван Петровски, а режијата му беше препуштена на Зоран Зонде Стојановски.

Енергијата која Калина ја пренесува на своите настапи па така и на годинешното издание „Макфест” е незаменлива и посебна. Според неа, кога некој прави музика, мора секогаш да бара нови начини како тоа совршено да го сподели со светот.

Калина Велковска – Кали со својата композиција „4″ ги маѓепса жирито и публиката и успеа да ја понесе наградата.

„Песната е стара 10 години, а инспирирана од 4-те години што им претходеа на овие 10 години. Посебно ми е драга и многу се радувам што се реализираше вака“ ја испеа кралицата Kalina Velkovska Kal-истакна Сара Мејс на социјалните мрежи.

Калина Велковска е повеќе од 15 години на музичката сцена, била дел од различни бендови, а има и свој бенд.

Минатата година настапи  на бугарското издание на светското талент шоу „The Voice” и со изведбата на „This World”, ја освои публиката и надвор од Македонија.

Била дел од евровизиските тимови и дел од многу различни концерти, а оваа година Калина за свој музички предизвик го зеде токму  претставувањето на „Макфест 2021″.

Стајлингот е на битолчанецот Андреј Папаз.

Во продолжение уште еден мал дел од најновото видео на Калина Велковска.

 

 

 

Сподели