Кога наградата за најдобар филм не е најдобрата награда – Од 90 доделување на Оскарите

0
577

Вчера Холивуд беше во знакот на 90 јубилеен Оскар, кој иако и колку пати да се повтори дека избледува по важност на вистински квалитетната филмска продукција, сепак ова доделување на филмски награди и понатаму е единствено нешто на кое му се придава важност.

Самиот миг да се биде тука, е мешавина од впечатоци кои зборуваат колку една вечност на создавањето на генијални филмови може да продава соништа и денес. Малку историја заради 90 јубилеј и заради вистинските пориви на Академијата да го слави филмот. Првата церемонија се одржа во сега историскиот хотел Рузвелт на само неколку стотини метри од сегашната локација на Кодак Театарот. Академијата е формирана две години пред првото доделување на филмските награди по иницијатива на познатиот филмаџија Louis Mayer од компанијата МГМ.

Првата година доделени се 15 статуетки чиј дизајн останал скоро непроменет до денес, дело на скулпторот George Stanley кој го направил оскарот, а модел му бил мексиканскиот актер Emilio El Indio Fernández, кој пред 90 години едвај го натерале да позира гол.

И ако кажеме дека е доста од историски факти, тогаш убаво е да кажам дека The shape of water го освои оскарот за најдобар филм, но тоа не е најдобрата награда. Сите награди се важни, Фаворитите кои се сведуваа на три најсилни наслови Call Me by Your Name, The Shape of Water i Three Billboards Outside Ebbing, Missouri, од кои последниот наиде на прилично иритирачки реакции кај исфорсирано либералната и редовно пречувствителна екипа која заклучи дека се работи за непростива плитка и скоро навредливо третирана тема за расизмот во Америка.

Од друга страна, ако уметничкото дело поттикнува било каква дискусија во општеството, тогаш ја исполнило својата цел. Но, целата измината година ја одбележа исфорсираната коректност која после избивањето на скандалот со Weinstein тотално излезе од контрола и доведе до луди одлуки како што е повлекувањето на Kevin Spacey од најновиот филм на Ridley Scott, All the Money in the World … или уште побесмислените серијали на јавно перење на актерите кои прифатија да се појават во филмовите на Woody Allen за таа пречувствителна група дополнително да ги потсети дека се работи за нешто недозволено. Таа коректност се почувствува и во монологот на минатогодишниот водител Jimmy Kimmel кој всушност релативно успешно го избегна очекуваното јавање по Weinstein и останатите злоставувачи со форсирање на приказната за полова дискриминација во Холивуд. После краткиот и не особено урнебесен вовед се додели првиот поважен оскар за споредна машка која очекувано му припадна на Sam RockwelI иако некои предвидуваа успех на Richard Jenkins или Christopher Plummer, но Rockwell со месеци беше сон на повеќето филмофили. И така се редеа сите следни и веќе познати од синоќа сопственици на златни статуетки од 90 издание на оскарите.

Само неколку мои лични впечатоци за крај од ова јавување од филмскиот град на соништата. Со доаѓањето на гласната, но недуховита Tiffany Haddish стана јасно дека и оваа година нема да имаме нешто симпатични презентери. Според многумина прилично досадно доделување во кое можеби насушно недостига водителка од типот на Ellen DeGeneres. Добар беше штосот што ѕвездата на минатогодишниот гаф Warren Beatty, повторно се појави да го прогласи најдобриот филм. Овој пат без грешка, но и без изненадување и наградата си ја зеде The Shape of Water на Guillerm del Torо. Иако некои очекуваа дека тоа ќе биде Three Billboards…, но тоа не се случи, и тешко е да се поверува дека ова некој ќе го погоди бидејќи сите медиуми помалку или повеќе тоа го предвидоа. Сепак, “најдобрата” награда беше џетскито кое Kimmel на почетокот на доделувањето го вети на оној кој ќе одржи најкраток говор, па така наградата заврши кај костимографот Mark Bridges , за филмот Phantom Thread.

Љубица Ангелкова