ТЕРА

REKLAMA???

„КОГА СЕ ЉУБИ“ НОВА ПЕСНА НА АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ

Велешанецот Александар Ристовски, кој зад себе веќе има неколку песни, ја промовираше најновата, со интересна комбинација од латино стил и фолк елементи, насловена „Кога се љуби“.

Александар, кој неколку години живее и работи во Швајцарија, продолжува да создава македонска музика. Својот најнов проект го работеше со комплетен тим од Македонија. Ристовски ја компонирал музиката и го направил аранжманот за новата песна, додека како текстописец се потпишува Огнен Неделковски, а аудио миксот е Деко ма Аго ДНД продукција.

За песната е снимен и видеозапис реализиран од Даниел Јовески, а кадрите од видеото се снимени во Швајцарија. Во спотот на песната се појавува и Ева Јовановска.