На 28 декември минатата година, сега разрешениот министерот за здравство Фатмир Меџити на заедничка прес-конференција со поранешниот претседател на Владата Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими информираше дека се одобрени вработувања на неопределено време за 1.117 лица ангажирани во јавното здравство.
Во меѓувреме дел од овие лица во Скопје и во Прилеп јавно реагираа бидејќи се уште не добиле решенија, а на прес конференција деновиве заменик министерката за здравство Маја Манолева беше прашана до каде е со нивното вработување.
„Процедурата за започнување на постапката за вработување на 1117 лица од јавните здравствени установи кои што работат со договор на делот е започната и е во тек. За дел од јавните здравствени установи веќе се добиваат согласностите и треба на почнат постапките. Постапките ќе започнат и да се распишат изборите. Таа постапка не престанува, туку се става во мирување и продолжува после официјалното завршување на изборите. Согласностите кои што ќе ги добијат јавните здравствени установи во однос на овие 1117 лица кои што се одобрени, практично ќе важат до крајот на годината и ќе можат да се реализираат во текот на целата година, значи не само овие две недели. Така што искрено се надевам дека во најбрзиот можен рок кога ќе ги добијат веднаш ќе започнат со реализација сите јавни установи, затоа што ние апелираме во целиот период дека здравствениот персонал и помошно-техничкиот персонал во јавните здравствени установи се навистина потребни, треба да ги имаме, затоа што здравствените услуги во нашето здравствео треба да бидат соодветни, а да не правиме импровизација и така работиме во цел овој период“ рече Манолева.












