Сопствен еко – систем со посебна флора и фауна.
Ваква е состојбата на крајот од градскиот битолски дел на реката Драгор. Наликува на мочуриште, но, ова не е Моноспитовско блато ( на пример) со ретки животинки и инсекти, ова е застоена вода со густа вегетација и екосистем на инсекти, со мирис на застоена вода и по некој штрк што се храни со инсектите. Долж овој дел од реката нема изградено корито. На неколку места може да се влезе внатре, но некој мудро го блокирал патот со големи гранки – за да нема случајни паѓања, на дотерани членови на администрациајта од јавните комунални претпријатија кои секојдневно се движат низ просторот. Од другата страна е Сточниот пазар – кога мирисите на животни, луѓе и застоена вода со густа вегетација ќе се измешаат – тоа се дефинира како реа. Тревата на брегот – слама, паркираните возила посочуваат на ширината на просторот што некогаш имал и канал за преглед на возила.

Жителите кои се волни да раскажуваат, ама не и да ги снимиме, велат годинава нема многу мушички, ниту комарци, има големи црни бубачки со ноѕе со колена, а жабјиот концерт кој почнува од Ленски мост надолу, овде го доживува својот максимум. Битолско културно лето.
Освен од здравствен аспект, изгледот на овој последен дел од реката Драгор во градот зборува и за лошо чувство на естетика кај битолчани. Таму има седишта на две јавни комунални претпријатија – немаме мнофу информации за посета од странски делегации. Има и жители во постари и реновирани куќи на улица 16та, а тука е и стопанскиот двор на ЈКП „Нискоградба“ којашто секоја година по Програма, во соработка со Општина Битола работи на чистење на коритото на реката.
Коритото, реката Драгор се чисти.

Директорот Зоран Талевски денеска телефонски не информираше дека екипите започнале од потегот околу Црн Мост до мостот кај судовите. Се работело со рачно косење на вегетација и машинско чистење со гусенишар. Истиот начин се употребил и во текот на претходната и недеата што изминува, сега коритото е исчистено се до Мојсов мост, погоре а паралелно на населбата Кланица.

Следната недела ќе се продолжи чистењето на овој дел, а потоа ќе се продолжи долж ул. 16-та, улицата кадешто се лоцирани претставништвата и седиштата на трите јавни комунални претпријатија – Комуналец, Нискоградба и Водовод. Машина гасеничар ќе го оформи неизграденото корито со истовременото чистење на наносите, тревите, растенијата кои бујно виреат.

Директорот Талевски одговори дека акцијата не се спроведува доцна, кога аспектот е календарското лето, дека растенијата и наносите се одлагаат соодветно на извадениот материјал – растителниот и тврдиот отпад се одлагаат во соодветните депонии на Комуналец. Истовремено апелираше до граѓаните, во оваа градежна сезона да ги контактираат, искористат услугата за законско одлагање на градежниот шут и, заедно да придонесат за почиста Битола.
Додека не се исчисти и послоедниот дел од градскиот Драгор, неколку современи остатоци од битолчани ја продолжуваат својата игра на древната музика.











