Козаров одговори на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Викендив опозициската ВМРО ДПМНЕ од Битола обвини дека  одлуката што во септември годинава  била  донесена од Советот за повисока плата од 5% на вработените во ЈП Водовод не се почитувала како што велат  веќе два месеци од страна на директорот на ова јавно претпријатие. Денес на ваквите обвинувања одговори првиот човек на Водовод Горан Козаров.

-Велат дека повеќе пати повторена лага, почнува да звучи како вистина.Затоа на лагата мора да се одговори со вистина, која секако и секогаш ќе биде поткрепена со аргументи.  Во името на вистината, после низата на изнесени невистини и лажни обвинувања изминатиот викенд од страна на општинската организација и советничката група на ВМРО ДПМНЕ кон ЈКП ВОДОВОД и раководниот тим  моја  должност е да одговорам на истите и да ја објасниме целата ситуација.На последната седница (15.11.2019 46-та седница) на Совет на општина Битола ми беше поставено истото прашање на кое што дадов и одговор и појаснување, за што има и записник, но очигледно за ДПМНЕ повторно има недоразбирање, рече Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.

Козаров вели дека менаџментот на Водовод поднесе барање до Советот на општина БИтола дека бара покачување на платите на вработените за 5%. Ова барање било прифатено едносгласно од страна на сите советници.

-На таа иста седница од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ бев информиран дека против Водовод, од група на вработени, е покрената тужба за не исплатени надоместоци изминатите години и тоа по разни основи. Иако овај менаџерски тим раководи со компанијата 2 години, не сака да навлегува во анализа зошто вакво барање не е покренато порано кога веќе станува збор за побарувања стари повеке од 2 години и како тоа советниците на ДПМНЕ знаеле за оваа тужба пред менаџментот на Водовод? За нас сите се еднакви пред законот како со нивните права така и со нивните обврски.Затоа, после добивањето на оваа информација и ново настанатата ситуација, се побара од Управниот Одбор на Водовод, привремено да се стави во мирување покачувањето на платата, се’ со цел да можеме да видиме на што точно се однесува тужбата, кој е бројот на луѓе опфатен со ова тужбено барање и која е финансиска штета кон ЈКП ВОДОВОД.Овој период направивме пресметки, анализи и споредби кои ги опфатија пресметките на вештото лице ангажирано од страната на тужителите како и наши интерни пресметки, се’ со цел да го знаеме реалното финансиско побарување со кое што ќе се соочи јавното претпријатие доколку вработените се во право и им биде прифатена поднесената тужба.Сега една добра вест за вработените во ЈКП Водовод Битола и за граѓаните на општина Битола.Вработените во ЈКП Водовод Битола ќе го добијат покачувањето на платата, кое ќе биде ефектуирано заклучно со ноемвриската плата, за што имаме и одлука на Управниот одбор пред една недела, додаде Козаров.

Можноста да се обезбеди покачување на платата се должи пред се на работата на новиот менаџерски тим за изминатите две години, рече Козаров .

-За разлика од порано кога со ова претпријатите раководеше ДПМНЕ, денес во ЈКП ВОДОВОД се работи транспарентно домаќински и одговорно. Сите вработени, одат на доусовршување, сите вработени учествуваат во носењето на одлуките и решавањето на проблемите. А тоа се гледа и во однос на генерираните заштеди и можноста за инвестирање од сопствени средства. Најголем показател за сето ова се успесите кои во изминатиот период се направени од страна на раководниот тим во ЈКП ВОДОВОД БИТОЛА.За овие 2 години се инвестирани околу 40 милиони денари и тоа ќе потенцирам сопствени средства во разни проекти, додаде тој.

Денес во Водовод редот, дисциплината, домаќинското работење, професионалноста и услужноста се одлики со кои се гордее секој вработен, а со тоа се горедам и јас како директор, рече Козаров.

Share.