Кои маски и прочистувачи на воздух штитат од загадување

0
301

Средно загаден воздухот денеска во центарот на Битола, вака покажа мерната станица на Министерството за животна средина. Утрово во 9 часот мерната станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на градот покажа средно загадување на воздухот со ПМ 2,5 честичките, а многу ниско загадување со ПМ 10 честичките. Мерната станица Битола 1 која што се наоѓа во индустрискиот дел на градот покажа ниско загадување со ПМ 10 честичките а податоци за ПМ 2.5 честичките немаше. Загадувањето на воздухот предизвикува негативни последици кај човекот кога концентрацијата од штетни честички во воздухот ќе достигне над 50g/m3. Бројни студии посочуваат директно влијание на аерозагадувањето врз појава и развој на сериозни болести на дишните патишта, како астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и карциноми на белите дробови. Последиците од загадениот воздух особени ги чувствуваат лицата со хронични белодробни и срцеви заболувања, лицата на возраст над 60 години, малите деца како и бремените жени.

-Кога имаме високи вредности на загадувачки супстанции надвор во воздухот пожелно е да се избегнува проветрувања во домовите, или пак тие проветрувања да бидат сосема кратки, но каков ќе биде квалитетот на тој воздух на нивото кое што задоволува пак е знак прашалник. И затоа сега се препорачуваат тие прочистувачи на воздух за затворени простори, треба да бидат прочистувачи кои задоволуваат одредени стандарди, да бидат ефикасни во нивната намена. Треба да поседуваат предфилтри. Тие прочистувачи на воздух се ефикасни доколку се сертифицирани со одредени стандарди, рече д-р Емилија Богоевска од Центарот за јавно здравје од Битола.

Во Македонија се употребуваат повеќе видови на маски како заштита од воздушното загадување (хируршки, со активен јаглен) но, само неколку сертифицирани  за таа намена се ефикасни.

-Не секоја маска го спречува протокот на ПМ честичките. Маските штитат доколку задоволуваат одредени стандарди . За да една маска е ефикасна таа треба добро да лежи на лицето. Не треба да има ниту еден мал простор каде што ќе навлегува дополнително воздух. Таа треба да поседува посебен филтер. Тој филтер не смее да ги пропушта ПМ  честиците кои се помали од 2,5 микрометри. Има маски за еднократна и повеќекратна употреба. Еднократните имаат рок од 10 до 30 часа, и луѓето додека ја користат треба лесно да дишат. Кога дишењето станува тешко тогаш маската треба да ја заменат со нова. Маските со повеќекратна употреба треба исто да поседуваат одредени филтри кои што не треба да ги пропуштаат најситните честички. Некои маски се перат, некои имаат одреден периоод и треба да се заменат со нови или пак да се замени филтерот. Не секоја маска штити од аерозагадување. Штитат само оние маски кои задоволуваат одредени стандарди, рече д-р Емилија Богоевска од Центарот за јавно здравје од Битола.

Од Центарот за Јавно здравје во Битола велат дека загадувањето има сезонски карактер.Најкритична состојбата е од месец октомври до месец март. информациите на Министерството за животна средина говорат дека дури 134 дена во 2017 година концентрацијата на ПМ 10 честичките била над максимално дозволеното ниво.