ТЕРА

REKLAMA???

КОИ СЕ МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ОБЈЕКТИ ОТПОРНИ НА ЗЕМЈОТРЕСИ?

Кои се механизмите со кои се води сметка за сеизмичките карактеристите на објектите кои се граделе и се градат, е прашањето за првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Вели важно е издавањето на мислењето за сеизмичка отпорност на сите објекти во држвата.

 

„Значи секоја држава па и нашата, историски и сега, особено по скопскиот земјотрес во 1963 година има механизам согалсно својата внатрешна регулатива и прописи како новите градби треба да се проектираат и изградат, знчаи предидена е процедура дека во секој проект треба да имаме основен проект кој што е пресметан од соодветен градежен инженер, во моментот мора да има овластување. Тука имаме, сеизмичка пресметка е вклучена. Тој проект во втората фаза поминува низ ревизија, тоа е поискусен инженер со соодветно овластување за ревизија. Од 2013-2014 година нашата држава препозна дека е потребно да имаме и нов механизам, особено на механизам на издавање на мислење за сеизмичка отпорност на сите објекти во нашата држава. Тој механизам на почетокот од 2014 година е доделен на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија кој успешно до денеска го спроведува низ целата територија на Македонија, каде што за сите градби, особено за градбите поголеми од 300 м2, покрај тоа што ја проверува техниката документација, на двапати излегува на терен и ја проверува изведбата на конструкциите, дали е согласно проектираната и согласно важечките прописи“ вели проф. д-р Игор Ѓорѓиев, директор на ИЗИИС.

Тој вели дека се задоволни од овој процес и додека историски гледано корегирале одредени недостатоци во процесот, а со тоа вели тој, овој процес ги дава резултатите. Нашата регулатива од после 1963 година, односно после скопскиот земјотрес има сеизмички карти, посебни истражувања каде генерираат карти за веројатност за одреден земјотрес, со одреден интензитет да се повтори после одреден временски период.

„Во моментот сите станбени градби се проектирани после 475 години веројатност да ни се повтори посилен земјотрес, така што оваа веројатност и овој ризик го прифаќа државата со цел да имаме економични објекти. Ако објектите бидат проектирани согласно овие прописи голема е веројатноиста објектите да не се срушат, но имаат одредени позначителни оштетувања. Значи филозофијата на ова проектирање е објектите да не се срушат, ако ги следиме сите прописи во нашата држава, од проектирање па се до изведбата на објектот и пуштање во употреба“ вели тој.

Битола е град кој што е карактеризиран како површина, која е сеизмички активна и каде што е очекувано да ни се појават редовно средно-јаки земјотреси. Друга карактертистика на овој регион, се многу постарите градби кои се повредливи и кои при земјотреси кои историски се случувале во овој регион е очекувано да има оштетувања.