Кои се придобивките од пливањето

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пливањето е вид спорт којшто вклучува натпреварување помеѓу учесници, во тркање преку дадена далечина под самостојно придвижување нанапред. Пливањето како спорт се практикува широко низ светот и е дел од модерните Олимписки игри со почеток во 1896. Заедно со други акватички дисциплини како нуркање, синхронизирано пливање и ватерполо, спортот е раководен од Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Постојат повеќе пливачки техники од кои најупотребувана е техниката краул, која се состои од движење на телото во вода со помош на рацете и нозете на гради. Грбното пливање е пливање од ист коцепт како краул техниката, со разликата во поставеноста на телото, која за разлика од краулто каде телото е поставено на гради, овде е поставено на грб. Освен овие две техники постојат и “Градно пливање” кое претставува најбавна техника на пливање. Се изведува со двете раце спрема напред, а додека лактовите остануваат во вода, постои и “Делфин” кој претставува многу атрактивен стил на пливање и за кој е потребна голема сила на мускулите на целото тело.

За тоа зошто е добро да се занимаваме со овој спорт и зошто е добро уште од најрана возраст да се започне со пливање го запрашавме тренерот Кире Марков од пливачкиот „Олимпик“ од Битола.Пливањето исто така помага при слабеење, истовремено ги зајакнува телото и кардио способностите, им помага на белите дробови да останат здрави, пливањето е одличен аеробик, ги ублажува симптомите на астма, подмладува, добро е за бремените жени, делува смирувачки, ве поврзува со природата. Пливањето е една од најдобрите активности со која можете да го почестите вашето тело. Додека пливаме го активираме секој мускул во телото, а притоа зглобовите не чувствуваат никаков притисок. Затоа треба да ја искористите секоја можна прилика да се фрлите во море, река или езеро.

 

Share.