Кои се придобивките од членството во НАТО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите“ е темата на која денеска се дебатираше со студентите на Правниот факултет во Битола која се одржа како дел од НАТО караванот, а го спроведува Инфо центарот за евроаттлантски интеграции. Денеска со студентите дебатираа за придобивките и евентуалните предизвици од членството во НАТО за Македонија.

-Целта не е само да дискутираме за придобивките, туку и за предизвиците, но и што е она што ние како земја може да го понудиме на алијансата. Голем акцент ставаме и на придобивките за младите, можностите за реализација во земја членка на НАТО, како и можностите за студирање, волонтирање и работа во НАТО алијансата како рамноправна членка на НАТО, изјави м-р Елмас Хасановиќ, Инфо центар за евроаттлантски евроинтеграции

Ова е шести настан по ред во рамките на НАТО караванот. Значаен настан е Самитот на НАТО во Лондон, потенцираше проректорот проф.д-р Марјан Ѓуровски, кој денеска им предаваше на студентите.

-Државниот секретар на САД Помпео најави дека тие веќе го депонирале документот со кој се ратификува македонското членство во НАТО. Остана уште една членка од 29-те и очекувам во февруар да станеме 30-та полноправна членка на НАТО, изјави проф.д-р Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност Скопје и проректор на УКЛО.

НАТО караванот продолжува вечерва со панел дискусија од 19 часот во Салата на општина Битола со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  и Дирк Јан Коп, Амбасадор на Кралството Холандија.

Share.