Колку вработени има во јавните установи во Битола ?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според годишниот извештај од регистарот на вработени во јавен сектор, најмногу вработени има во секторите образование и здравство.

Во поглед на половата застапеност во јавниот сектор 54% се жени а 46 % се мажи. Според етничката припадност Македонци има 82.375, Албанци 21.112, Турци 2.012 Роми 1.245 Срби 994 Бошњаци 429 Власи 408.

Во јавниот сектор во Македонија работат 139.009 лица , оваа бројка е според состојбата до 31 Декември 2017 година, според годишниот извештај од регистарот на вработени во јавниот сектор.

Вкупната администрација во државата брои 128.772 лица кои што работат во 1.299 институции , покажува последниот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација .

Само во министерството работат вкупно 4.670 лица.

Вкупно 495 административци се без никакво образование. 10.570 се со основно образование, 38. 045 се со средно образование, 46.405 се со високо образование 4.861 се магистри а 2.068 се доктори на науки.

Најмногу вработени има меѓу 46 и 55 години.

Во однос на 2016 година, бројот на вработените во институции од јавниот сектор е намален.

Најбројно министерство според податоци во извештајот е Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Додека најмалку вработени има во Министерството за локална самоуправа.

Во јавните установи во Битола вкупно вработени се 2. 651 вработен.

Share.