Надвор од мрежа се БЛОК 1 и БЛОК 3 !! Денес стожерот на македонската енергетика работи само со еден БЛОК на мрежа со помалку од 25 % од инсталираната снага, рече на прес конференција Владо Талевски од ВМРО ДПМНЕ-Битола.
„Колку ги чини граѓаните секој испад, колку ги чини нестручноста при санацијата, колку ги чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола, ако знаеме дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување чини околу 500 000 евра!!! Колку чини увозот хавариска електрична енергија ?! Колкави се херојски исплатените провизии ??!!!Бидејќи повеќе од 80% од вкупното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од овој комбинат, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија , а цехот на крајот го плаќаме, ние граѓаните кој ќе ни го испорача Владата од 1 јули со најмалце 10 процентно четврто по ред на електеичната енергија !!! Сериозноста на состојба е уште поголема ако знаеме дека надвор од функција се и другите производствени капацитети поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро потенцијаалот речиси на минимум“ рече Талевски.












