Колку децата се заинтересирани за боречките вештини

0
528

Боречките вештини, односно спортови, се една од најдобрите физички и психички активности кои можете да ги одберете за вас или вашите деца. Без оглед на тоа дали се работи за бокс, кик бокс, карате, аикидо, џудо, бразилско џиу-џицу или некоја друга вештина, сите тие носат големи придобивки.

– Тренирањето на боречки вештини ја зголемува самоконтролата, истрајноста, упорноста и издржливоста, позитивно влијае на физичкото и менталното здравје, воедно се намалува и нивото на стрес и се подобрува расположението. Допринесува за правилно дишење, правилен раст и развој-велат од академијата за боречки вештини За-Нед-До од Битола.

Децата членови на оваа академија ни кажаа дека наградите и успесите на За-Нед-До насекаде низ светот, уште повеќе ги мотивираат да тренираат таму.