Комеморација за Коста Хаџи Антоновски

Денеска комеморација во чест на неодамна починатиот Коста Хаџиaнтоновски, творец на Малиот Битолски Монмартр.  Со сите протоколи за заштита од Ковид 19, се одржа во пациото на Завод и музеј.

Тој почина на 86 годишна возраст, на 13 март годинава.
Роден 1935 година, завршил средно уметничко училиште во Скопје, а потоа работи како наставник во ОУ„Кирил и Методиј“ во Битола. Во 1981 години го формира Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“  каде секоја година во изминатите 4 децение се создавале илјадници детските цртежи под негово менторство.
Тој е творецот на Битолскиот монмартр, манифестација која стана ликовен амбасадор не само на Битола, туку и на Македонија. Секоја година во мај деца од целиот свет доаѓаат во Битола да бидат дел од Битолскиот монмартр.
Со изложби на дела од Битолакиот монмар Хоџиантоновски направи да бидат дел од  олимпијадите во Сиднеј, Атина, Пекинг, Лондон, Рио де Жанеиро. Познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцирал многу млади ликовни таленти,а некои денес врвни ликовни сликари.
Иницијатор и организатор на многубројни културни настани во Битола.
Добитник е на многубројни награди и признанија од земјата и странство.

 

Сподели