ТЕРА

REKLAMA???

КОМЕМОРАЦИЈА И СЕЌАВАЊЕ НА ПРИМИРЈЕТО ОД 11 НОЕМВРИ 1918 ГОДИНА

Денеска на француските гробишта во Битола се одржа Комеморација по повод 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. Делегациите, со полагање на свежо цвеќе, им оддадоа почит на загинатите војници и цивили за време на Првата светска војна.На комеморацијата се обрати амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер кој рече дека пред повеќе од еден век тука на оваа почва се борea блузу 400 илјади француски војници, а повеќе од 70 илјади никогаш не се вратија. Денеска го чествуваме примирјето од 1918 година. Грешките од минатото се повторуваат. Ние не можеме да ја спречиме војната во Украина, но не ја прифаќаме, потенцираше амбасадорот.

Aмбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска заедно  го одбележа споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.

Првата светска војна заврши на 11 ноември 1918 година. Позната е како Големата војна и се смета за една од најсмртоносните конфликти во историјата.

Се проценува дека биле мобилизирани повеќе од 70 милиони лица, вклучувајќи и 60 милиони Европејци, а загинале повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили.