На комисијата за финансии и буџет се најде и барањето на здружението на автотакси превозниците за зголемување на цената на такси превозот во Битола.
Тринаесетта точка на оваа седница беше за измена и дополнување на тарифата.
Беше кажано дека советниците материјалот од такси превозниците го имаат добиено, дека беше одржана и комисијата од телото кое што беше формирано од страна на Советот на Општина Битола. Прашања од членовите на комисиајта немаше.
Во сите три тарифи старот е 60 денари. Во првата тарифа 35 денари од километар, во втората тарифа 40, а тарифата за трета смена, празник и недела 45 денари за километар.
Првата тарифа и тарифата за трета смена, празник и недела се тарифи кои ќе се користат, а тарифата каде 1 км е 40 денари и се однесува на прва и втора смена во овој момент нема да се користи, но доколку дојде до зголемување на трошоците поврзани со нивната дејност од над 10% во тој случај, велат дека ќе бидат приморани да ја користат.
Ценат за чекање за еден час е 400 денари.
На комисијата барањето беше едногласно усвоено.
Оваа точка в понеделник ќе се најде на редовната седница на Советот на Општина Битола, кога и треба да биде донесена конечната одлука.











