Постојаното паѓање на лисјата на зелените површини ја наметнува потребата од засилена активност за нивно собирање, за таа цел екипите на ЈП Комуналец Битола активно работат на повеќе локации, велат од јавното претпријатие.

Дел од екипите се во градскиот парк, на улиците “Партизанска” и “Генерал Васко Карангелевски”.

Исто така екипите на ЈП Комуналец со помош на расположливата механизација извршија кастрење на гранки и обликување на крошна на дрво во дворот на ОУ “Стив Наумов”.














