ТЕРА

REKLAMA???

„КОМУНАЛЕЦ“ ПОСТАВУВА СТОЛБОВИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО НОВИОТ ПАРК

Од ЈП „Комуналец“ Битола информираат дека нивни екипи започнаа со поставување на столбови за осветлување во новиот парк кај населбата Довлеџик. 

Претходно се поставуваа подземни електрични инсталации за осветлување.  

Како што веќе информиравме проектот кој се реализира на површина од 25.000 м² ќе содржи урбана опрема, спортски и детски реквизити, хортикултурно и партерно уредување и осветлување.