Во пресрет на претстојната зимска сезона на Пелистер и во координација на службите, продолжуваат активностите за расчистување на патот од гранки и подобрување на пристапноста до ски центарот „Копанки“.


Во оваа насока, вчера се изведуваа активности од страна на екипа на ЈП Комуналец, а за тоа информираа од претпријатието:
„По барање на ЕСМ Молика на координативниот состанок за зимската сезона на Пелистер, ЈП Комуналец изврши кастрење на гранки на потегот кој е под наша надлежност. Со ова ќе се постигне побезбеден сообраќај за туристите во сезоната што претстои.“, стои во соопштението.











