Конвојот со помош влезе во сириската енклава Гута

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Камиони со помош влегоа во сириската бунтовничка енклава источна Гута за првпат од средината на февруари. “На илјадници лица кои имаат потреба од помош , денешниот конвој со 46 камиони ќе им донесе одредено олеснување”, објави Црвениот крст на Твитер.

“Помошта вклучува пакети за храна за 27.500 луѓе, торби за брашно и медицински материјали”. Меѓутоа, хуманитарната канцеларија на ОН соопшти дека сириската влада не дозволила да се натоварат 70 отсто од здравствените резерви и дека нема да дозволат да бидат заменети со други предмети.

Во насилството во Гута, каде што околу 393.000 луѓе се заробени, загинаа повеќе од 600 цивили, откако владините сили и нивните сојузници ја интензивираа офанзивата во предградието на Дамаск од 18-ти февруари. Според активисти, денеска во бомбардирањето на опколената енклава загинале најмалку 45 цивили.

Share.