Кондовски го претстави проектот за решавање на сообраќајниот метеж во центарот на Битола

Модерните сообраќајни решенија се обележје на секој модерен и организиран град. Изработка и реализација на сообраќајни решенија по европски терк е еден од моите клучни приоритети како иден градоначалник. Преку современа сообраќајна реорганизација заснована на соодветни сообраќајни студии Битола ќе биде многу поорганизирана, сообраќајно растеретена и просторно оплемента, вака денеска го претстави својот проект за сообраќајно решение во центарот на Битола, кандидатот за градоначалник Христо Кондовски.

„На тој начин Битола ќе добие еден нов лик, квалитетен јавен простор и подобрување на безбедноста и мобилноста за сите учесници во сообраќајот, а посебно воспоставување и промена на режим на сообраќај со сегрегација на површини и еднонасочен сообраќај. Главната цел е адаптација и ревитализација на централното градско подрачје и клучните сообраќајници на одржлив начин.

Првиот проект кој би сакал да го претставам во таа насока, особено важен за централното градско јадро е предвиден на Ул. „Димитар Илиевски Мурато“. Имено, оваа улица претставува една од најфрекфентните сообраќајници со дневен промет кој се мери со илјадници возила. Во шпицот на денот тука минуваат и по 1600 возила во еден час.Вкрстувањето на оваа улицасо Широк Сокак ја прави и една од најтесните грла, поради што во летниот период вечерно е блокирана и неупотреблива.

Дополнително, енормната потреба од паркинг простор, плоштадот „Гоце Делчев“ наместо прекрасно и оплеменето градско јадро е претворен во општински паркинг, што ја грди Битола.

Токму затоа, ќе биде извршено пробивање на подземна сообраќајница кај хотел „Епинал“ (Ул. Димитар Илиевски – Мурато) со што „Широк Сокак“ ќе стане континуирана пешачка зона.

Подземната сообраќајница ќе води до подземна гаража со капацитет од 250 возила, која ќе се реализира во неколку фази, а со која плоштадот Гоце Делчев ќе се претвори во прекрасно партерно уредено катче на задоволство на битолчани. Со ова решение драстично ќе биде намален застој и гужвите во центарот на Битола. Ќе се изградат подземни паркинг места кои го ослободуваат плоштадот. Пристапот до околните дуќани и стамбените единици ќе биде поприкладен.

Со овој проект партнерно ќе се уреди централното градско подрачје, ќе се зголеми безбедноста на пешаците, ќе се овозможи непречен сообраќај во текот на целата година и што е исклучително важно ќе се намали загадувањето на воздухот.

Овој проект ќе чини 4 милиони евра. Неговата реализација ќе биде завршена во рок од три години. Преку овој значаен проект, но и многу други сообрајаќни решенија кои ќе бидат претставени во текот на изборната кампања, Битола ќе заличи на организиран и модерен европски град, рече Кондовски.

 

Сподели