Кондовски го честиташе Денот на народното востание

Кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на НОАМБ на плоштадот „Гоце Делчев“ по повод „11 Октомври“-Денот на народното востание.

„На сите граѓани им го честитам 11-ти октомври, денот првенец на сенародната борба за слобода и правда. Денот кога започна остварувањето на големиот македонски сон – сопствена држава и државност! Чествувајќи го споменот на загинатите борци во НОБ, денеска славиме 80 години од почетокот на народното антифашистичко востание, 80 години борба за слобода и човекови права.

Благодарение на тоа денес живееме во независна и суверена држава! Македонскиот пат е прогресивен.

Нашата држава е земја членка на НАТО алијансата во која слободата и демократијата се основен постулат.

Но, ова исто така е и време во кое преземаме целосна одговорност за сегашноста, но и за иднината во која ќе живеат нашите деца, идните генерации.

Посветено ќе одговориме на актуелните предизвици за подобро утре за сите, за поквалитетен живот во спокој и благосостојба.

Нашата држава покажа дека е зрела да ја развива демократијата и економијата, а ние гордо го прифаќаме предизвикот да работиме на унапредување на нашата Општина – градот, но и селата. Затоа градиме за сите генерации! Нашите проекти ги носат најдобрите решенија за сите категории граѓани!

Нека е честит 11-ти октомври! Слобода секогаш, режим никогаш“ рече Кондовски.

Свежо цвеќе положија на Партизанските гробишта во Битола.

Сподели