Кондовски: За нападите и навредливите зборови ќе поднесам тужба

Политичката борба не смее да ги премине границите на пристојноста, рече канидатото за градоначалник на Битола, Христо Кондовски.

„Мене ме чуди зошто ВМРО ДПМНЕ на централно ниво се занимава со мене, веројано сум одзел како една позитивна личност многу внимание.  Јас ќе продолжам со својата позитивна кампања, а оној дел што е за нападите и навредливите зборови ќе го регулираме преку правните механизми“, рече Кондовски и додаде дека ќе поднесат тужба.

Сподели