Кондовски на средба со пензионерите

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски денеска имаше средба со пензионерите во Здружението на пензионери-Битола.

„Задоволство ми беше денеска да се сретнам со мноштво активни пензионери, луѓе кои што ја граделе Битола и пред кои имаме обврска за нејзин развој.

Здружението на пензионери – Битола под претседателство на Даница Петличкова обединува над 20.000 членови. Здружението на пензионери инвалиди уште 1500 пензионери. Популација од чие искуство и мудрост треба да црпиме идеи и сугестии за развој на Битола.

Со претставници на двете здруженија денеска уште еднаш ги утврдивме потребите од дом за стари лица, бидејќи постоечките капацитети не се доволни, отворање на пензионерски клубови, како и изработка на социјална карта, која ќе ги прикаже реалните услови во кои живеат пензионерите и која ќе биде основа за подобрување на тие услови.

Пензионерите за мене се категорија на која гледам со длабока почит. Тоа се наши родители, баби и дедовци. Луѓе кои заслужуваат достоинствени услови за живот во опкружувањето на своите деца и внуци“ рече Кондовски.

 

Сподели