Кондовски: Продолжуваме во позитивна атмосфера, со секојдневни контакти со граѓаните

Во следниве единаесет дена секако ќе продолжме со позитивната кампања, ќе ги потсетиме нашите сограѓани за проектите кои ги промовиравме, но со еден друг пристап, преку јавни настапи, преку интернет медиумите, преку традиционалните медиуми, рече денеска Христо Кондовски, кандидат за градаоначалник од СДСМ и коалаицијата.

„Ќе кажеме дел нови проекти кои не стигнавме да ги презентираме  и повторно ќе потенцирам дека целта ми е програмата да ја исполнам 100%, Битола да доживее економски бум, инфраструктурен бум, дека секој денар од граѓаните ќе биде инвестиран во инфраструктура, дека ефикасна општина со тие рокови кои ги споменавме е наша приоритетна цел.

Ќе бидам повеќе на терен, на маалски средби, непосредно со граѓаните. Тоа е мојата цел да ја доловиме нашата позитивност и желба за просперитет на Битола,“рече Кондовски.

Сподели