Конкурс за натпревар во ораторство „УКЛО Тривиум“

0
286

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО, на 24 април 2018 година, по третпат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот на тема: Quo vadis, студенту? Правата на студентите во 21-от век!

УКЛО ТРИВИУМ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување. Конкурсот е отворен до 30 март 2018 година.

Секој учесник треба да го ограничи својот говор на максимум 5 минути. Долна граница нема.Говорите коишто ќе се интепретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани. Задолжителни компоненти на говорот: Вовед (10-20 проценти од целиот говор). Разработка на говорот (најдолгиот и најважниот дел на говорот) и Заклучок (5-10 проценти од целиот говор); Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати.

На конкурсот може да учествуваат студенти запишани на прв, втор или трет циклус на студии при УКЛО – Битола. Најдобрите оратори ќе бидат наградени.

Говорите треба да бидат напишани на македонски јазик.За време на говорот се користат белешки кои му помагаат на говорникот, но цитатите кои се користат не смеат да се читаат; Сите говори ќе имаат 20 секунди грејс период почнувајќи од моментот кога е даден стоп сигналот. На крајот од 20-те секунди говорникот ќе биде запрен од страна на Комисијата за оценка и сето она што е кажано потоа нема да се земе во предвид.

Учесниците на Конкурсот му ги отстапуваат авторските права на организаторот за објавување на говорите во електронска и печатена форма; Говорите треба да се испратат по електронски пат со назнака дека се праќаат за ораторскиот натпревар на следната електронска адреса oratorstvo2018@uklo.edu.mk;
Краен рок за пријавување е до денес 30 март 2018 година.