Конкурс за нови вработувања во Клиничката болница во Битола

0
4575

Клиничката болница во Битола ќе распише конкурс за 70 нови вработувања од кои најголем дел ќе бидат лекари, а потоа и секаков друг вид кадар потребен за функционирањето на болницата. Новите вработувања ќе бидат финансирани со средства на болницата.

Портпаролката на болницата Сузана Конеска вели дека болницата има поднесено барање и за 173 нови вработувања, но за нив чекале согласност од ресорното министерство.