Контрадикторно е однесувањето на опозицијата, вели Петровска

Советниците од опозицијата вчера ја напуштија седницата, откако не беа изгласани нивните предлози за да бидат ставени на дневен ред разгледување на здравствената криза, формирање фонд за они кои не можат да ги платат здравстевните услуги, но и побараа оставка од кризниот штаб. Градоначалничката по однос на тоа рече:

-Исклучително контрадикторно однесување. Од една страна да покажувате грижа, од друга страна да напуштате седница на која се однесува одлука која се донесува одлука за локалите и како треба да се однесуваат во овие околности е повеќе од лицемерие. Што се однесува до фондот, во сиопт изминат период даде максимална поддршка и кон здравствените институции и го правеме тоа со финансиска поддршка, вели градоначалничката ан Битола, Наташа Петровска.

По однос на моменталната состојба со Ковид 19 во Битола, напомена дека денеска се отвора модуларната болница согласно потребите.

-Да се надеваме дека сепак ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола, што зависи од сите нас, истакна таа.

Во Битола моментално има близу 1000 активни случаи на Ковид 19.

Сподели