Каролина, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски ја почестија публиката со прекрасни концерти исполнети со многу романтика и поздаборавени музички ноти од едно потполно поразлично време.Спектакл кој можат да го доловат само најдобрите.

Овие концерти беа и промоција на нивниот нов заеднички албум насловен “Песни за љубов и копнеж”, што впрочем и најубаво ја опишува атмосферата која овие три легенди ја направија во Македонска Филхармонија. Албумот е составен од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20иот век – која многумина ја нарекуваат и златна ера на македонската забавна музика, а се потпишани од Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица.

Така публиката имаше можност да ги чуе: “Идила”, “Не ме запирај”, “На овој ден”, “Езеро мое”, “За нас почнува живот” – омилената песна на Каролина која како што самата изјави ја потсетува на најубавите периоди од нејзиниот живот, како и многу други.
Поради големата заинтересираност, се одржаа уште два предбожиќни концерти на 3ти и 4ти јануари.












