Во свечената сала на КИЦ – Офицерскиот дом во Битола се одржа солистички концерт на младите солисти: Дејан Лазаревски, Александра Кировска, Давид Костов и Георги Трајков. Тие со своите гитари им се претставија на битолската публика со повеќе композиии меѓу кои и од Бах, Албениз, Брауер, Диенс, Манхон, Богдановиќ, Краидлер, Хиракура.
Лазаревски e професор по гитара на Музичката академија vo Штип, заедно со студентите од својата класа по класична гитара при Вокално-инструменталниот оддел Александра Кировска, ученикот Давид Костов од ДМУЦ „Сергеј Михајлов” и проф. Георги Трајков, ДКЦ Карпош, ги воодушевија присутните.

Претходно тие одржаа концерт и во Македонската филхармонија претставувајќи се со соло и квартет изведби за дела од опусот за класична гитара.
Концертот наиде на одличен прием кај битолската публика, а воедно е добра можност за младите уметници да се промовираат во светот на музичката уметност.












