ТЕРА

REKLAMA???

КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР

Битолскиот дувачки оркестар синоќа во Центарот за култура музички ја раздрма Битола. Публиката уживаше во хитовите на Џејмс Браун, Френк Синатра и Стиви Вондер .

Возобновен во 2015 год, оркестарот веќе седум години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар е на иницијатива на професорот Марјан Бакревски .Репертоарот составен во духот на џез, фанк и соул, го изведоа солистите Нико Ѓоргиевски, Јасна Димитровска и Тамара Стојковска.

Оркестарот кој некогаш постоел, денес е во ново светло, со нови музички лица од кои зрачи љубов и емоција.