Концерт за паметење на Лумановски, Вршкова и Бакревски во Битола

0
167

Центарот за култура-Битола и „Битолски весник“  во Битола го организираа целовечерниот концерт на Грнета триото односно кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова.

Битолчанецот Исмаил Лумановски, познато музичко име на домашната и светската јавност, во родниот град  настапи по солистичкиот концерт што го одржа во САД, а веднаш по престојот во Битола концерти ќе одржи во Италија и Литванија.

Ова трио неодамна настапи во Турција, каде што приредија концерт за паметење, за кој се уште се зборува во тамошната музичка јавност. Изведувачите се истакнати музичари од Битола кои приредиле бројни концерти низ светот, често се наградувани, а дел од авторскиот репертоар е снимен на ЦД.

Музичарите  изведоа композиции за кларинет – дела од Феликс Менделсон, Кохет, Бела Барток, Анте Гргин и Боки Милошевиќ.

На традиционалната манифестација „Избираме најуспешни битолчани“, редакцијата на „Битолски весник“  му ја додели наградата „Ајри Демировски“ на Исмаил Лумановски за врвни музички остварувања во државата и странство.