Откако го „кренаа на нозе” Истанбул, светски познатите музичари кои потекнуваат од Битола, кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова на 22 февруари со почеток во 20 часот ќе одржат концерт и во Центарот за култура Битола.
Концертот го организираат Центарот за култура и редакцијата на Битолски весник.