Во Државното музичко училиште се одржа новогодишен концерт на учениците кои изучуваат виолина и пијано кај професорите м-р Ана Стефановска и м-р Сашо Кузев.
Учениците пред многубројната публика изведоа дела на познати автори од класичната музика.
Овие концерти токму пред Новата година на претставување на сите класи, се веќе добро позната традиција на музичкото училиште и еден вид на заокружување на успешната година која изминува.

Оваа година Државното музичко училиште обележа јубилеј од 75 години постоење, 75 години богата историја преточена низ звуците на музиката. Во рамките на одбележувањето се и сите овие концерти, како и многубројните награди на учениците добиени на домашни и меѓународни натпревари.












