ТЕРА

REKLAMA???

КОРЛЕВСКИ И БОЈКОСКИ ЗА ПАРИТЕ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ И СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ

На Комисијата за финансии и буџет не помина барање на Општина Битола за распишување на јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2024 година и разгледување на јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортиски за 2024 година.

Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ вели дека претседателката на Советот била незаинтересирана за работата во Советот.

„Тоа е обврска за распишување на јавните повици на претседателот на Комисијата за финансии и буџет, со која претседава претседателката на Советот. Очигледно незаинтересирана за работата во Советот не ги распишуваше тие повици и ние како одговорни советници членови на таа комисија само предупредивме дека истите треба да бидат објавени“ вели советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Корлевски од СДСМ вели дека претходно на комисијата за спорт била истата точка и тие ја дале поддршата.

„Меѓутоа во делот на финансии, на Комисијата за финансии СДСМ и коалицијата бевме воздржани бидејќи образложението кажано точно од правната служба и она што е законската регулатива е дека не може јавниот повик да се спроведе заради изборната кампања. И другата работа беше дека ќе ги видиме и од општинската администрација и колегите од ВМРО ДПМНЕ дека кој проекти треба потоа да бидат поминати на комисија за спорт и финансии, после изборите како што изминува рокот, а кој не ќе треба преку други проекти или пак други програми на општината. Тоа значи дека однапред ќе бидат определни и мислиме дека на тој начин ќе се влијае на регуларноста на изборите од страна на политичка партија, што нема да даде еден позитивен отсјај кај здруженијата. Едни ќе бидат подредени, а други ќе бидат наградени“ вели советникот од СДСМ, Борче Корлевски.

Бојкоски вели дека секоја година ово овој период тие се распишувале.

„Периодот на објавување секогаш бил во месец февруари и одлучувањето било по неколку месеци. Тоа што сакаат да го спинуваат тие не му поминува ниту кај здруженијата на граѓани, ниту кај спортските клубови во градот“ вели Бојкоски.

Корлевски спротивно од него вели дека ланската година биле распишани на 27 април.

„Значи стои во снимките. Значи ако ги распишеме и сега на 27 април, бидејќи секој месец ќе се одржува седница на Советот, тоа би било некои десет дена што би траел повикот и нормално после тоа бидејќи на 8 завршуваат изборните активности во делот на централната власт и можеме слободно како локална самоуправа да делуваме за здруженијата на граѓани“ објаснува Корлевски.

Прашавме дали СДСМ на ова гледа како на обид ВМРО ДПМНЕ пред избори да собери поени.

„Апсолутно, тоа го видовме во многу работи кои што се случуваат во текот на овие денови. Имате многу распишани делови од општината за вработување, имате многу тендерски постапки кои што се распишуваат“ вели Корлевски.

Како што веќе информиравме овие барања не поминаа на Комисијата за финансии и буџет.