ТЕРА

REKLAMA???

КОРЛЕВСКИ И КОЊАНОВСКИ ЗА МОСТОТ КАЈ ДОВЛЕЏИК

На последната седница на Советот на општина Битола имаше и советнички прашања. Едно од нив беше и за мостот кај Довлеџик.

Советникот од СДСМ Борче Корлевски рече дека уште во февруари месец било кажано дека изведувачот е подготвен, а беа издвоени финансиски средства за моментално девијација да се направи, за уривање на мостот и проширување. И праша зошто година дена ништо не се започна?

Градоначалникот Тони Коњановски рече дека согласно динамиката за работа до крајот на месец октомври се очекува дека девијацијата ќе биде готова.

Коњановски рече дека во паузата на седницата поминал на таа локација и рече дека таму се работи, освен во случај на лоши временски услови, за да можат граѓаните на Општина Битола и останатите градови да не прават голем круг како што беше предвидено.