ТЕРА

REKLAMA???

КОРЛЕВСКИ: СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ СО КОЊАНОВСКИ И ВМРО ДПМНЕ Е НА ШТЕТА НА БИТОЛА

Советникот од СДСМ, Борче Корлевски на прес конференција реагираше за сечењето на дрвјата каде што ќе се гради новиот кружен тек во Битола.

„Жртва на нивното самоволие се дрвјата кај ветеринарното. Коњановски, со полициска асистенција го уништува зеленилото за тука да никне кружен тек со димензии на фудбалско игралиште во вреност од 200.000 евра. Од што се плашат градоначалникот и ДПМНЕ, од своите сограѓани? Ако се толку убедени дека ја прават вистинската работа, зошто масакрот на зеленилото го прават со полициска заштита?

За да ја оправдаат оваа своја лудост, Коњановски и ДПМНЕ лажат дека советниците во Советот на Општина Битола дале едногласна поддршка за ова што денес се случува во Битола. Советот, на 17-тата седница одржана на 16 септември минатата година, расправаше дали да донесе Одлука за продолжување на активностите за реализација на основниот проект за оваа крстосница. ЗА гласаа само советниците од ДПМНЕ. Ова е записникот од седницата, постојат снимки кои ги демантираат лагите и манипулациите на ДПМНЕ и на Коњановски дека сме дале поддршка за овој проект. Срамота!

Коњановски и ДПМНЕ, очигледно, се одлепени од реалноста во која се наоѓа Битола. Градот тони во долгови, а тие наместо да се зафатат со решавање на проблемите, на секој чекор демонстрираат сила и насилие. Рушат гаражи, рушат трафики, сечат дрвја и око не им трепнува за Битола и битолчани. Ова безумие што го практикува Коњановски не било ни во времето на Владимир Талески. Сите негови нереализирани проекти, сега ги реализира Коњановски, со една рака негови слепи послушници.

Кога и да ја добие довербата од битолчани, ДПМНЕ им враќа на граѓаните со грабеж, насилство, самоволие и хаос! Одговорност ќе има“ рече Корлевски.