Косово не доби визна либерализација

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по барањето на опозицијата за оставка на Владата поради неуспехот да се укинат европските визи за косовските граѓани, изјави дека неговиот Кабинет не може да се обвинува поради доцнењата на Брисел во тој процес, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај им изјави на новинарите дека е несоодветно барањето на опозицијата за оставка на Владата „поради доцнењата на Европската унија (ЕУ)“.

– Неуспехот не е дефиницијата која ја опишува состојбата. Таа состојба е незатворена. Косовската страна, значи едната од страните, го затвори својот дел од обврските. Остана уште делот на работите од страна на ЕУ. Доколку опозицијата мисли дека треба да си заминеме заради доцнењето на ЕУ, може и да заминеме, но тоа не е соодветно на ситуацијата, истакна Харадинај.

Заради неуспехот со визната либерализација, опозицијата најави дека ќе бара и гласање за недоверба на Кабинетот на Харадинај.

Share.