Косовската влада нема доволно гласови за демаркацијата

0
168

Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, од собраниската говорница, призна дека владата го нема потребното мнозинство за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и додаде дека „ќе ја замоли Српска листа да гласа за договорот“.

Посочи дека Договорот треба да се изгласа во парламентот и оцени дека договорот е технички, но оти се претворил во една голема политичка кауза.

„Српска листа“ доцна синоќа потврди дека не го менува веќе кажаниот став, а тоа значи дека нејзините десет пратеници во косовскиот парламент нема да го гласаат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

slobodnaevropa.mk