Косовскиот премиер Харадинај утре во прва официјална посета на Македонија

0
137

Претседателот на косовската влада, Рамуш Харадинај, утре првпат ќе пристигне во официјална посета на Република Македонија.

Од кабинетот на Харадинај соопштија дека тој ќе се состане со својот македонски колега Зоран Заев, како и со други високи функционери од земјава.

Премиерите ќе разговараат за односите меѓу двете земји, а според најавите од Приштина,
ќе го договорат и датумот за одржување на заедничката седница помеѓу владите на двете земји.

makfax.com.mk