Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека објектот „Парк“ и во состојбата во која што е, сепак е дел од една споменична целина, тоа е дел од сеќавањето на сите нас.
„Сумата која што е одобрена за парк се однесува на ѕидарски работи кровопокривачки и молерски работи. Таа сума општина Битола треба да ја искористи да ја потроши до крајот на годината. Доколку општина Битола предвреме ги заврши тие обврски тие ставки така да се изразам, имаат право од сопствени средства понатаму ако сакаат да продолжат со работа. Доколку не наредна година повторно постои повикот ќе можат да се пријават итн. „Парк“ точно е дека е дел од европски проект, кој што знаеме дека заради несогласувањата во советот и заради од она што информираа дел од советниците и претседателката на совет на општина Битола дека заради грешката во постапката тука постапката запре. „ Парк“ и во состојбата во која што е, сепак е дел од една споменична целина, „изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на емисијата „Актуел“ на ТВ Тера во однос на темата околу аплицирањето на Општина Битола со проект за реконструкција на некогашниот „Парк“
Таа додаде дека во тој европски проект бил вклучен Завод и музеј Битола што значи дека тој мора да се грижи за неговата заштита исто како што се грижел и за заштитата на офицерски дом пред да се реновира и откако се реновира.
„Секој најмал зафат за негова реконструкција мора да биде одобрен од Завод и музеј Битола. Второ затоа што тоа претставува дел од споменична целина, и трето морам да кажам многу интимно тоа е дел од сеќавањето на сите нас, и од моето детство од детството на мојот постар брат, од детството на моето друштво, на моите родители. И сметам, дека доколку има начин како тој да се реновира дека треба да ги направиме сите напори“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.
Таа посочи дека општина Битола има многу добар проект за мултифункционален културен центар, кој што како што истакнал и вчера градоначалникот многу добро ќе се вклопи во ликалната установа КИЦ. Односно со киното „Манаки“ заедно со офицерскиот дом и „Парк“
„Со ваквата динамика ние навистина ќе имаме многу брзо готов производ така да се изразам, и би рекла парк не е само таму во центарот каде што го гледаат какво е. „Парк“ заслужува да ја добие намената кој што сега е предвидена во проектот и заради колективната меморија меѓутоа и заради тој аспект за заштита на спомениците“, заклучи министерката Костадиновска-Стојчевска.
Конечниот изглед на офицерскиот дом го врати сјајот на главната улица во Битола, вели таа.
„Конечниот изглед на офицерскиот дом се разбира дека факт е и она што го направи општина Битола во последните 2 години со партерното уредување на офицерскиот дом, го врати сјајот не само на главната улица на корзото туку и сјајот на офицерскиот дом“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на емисијата „Актуел“ на ТВ Тера.
Таа додаде дека
не памети офицерскиот дом да нема настан од кога е отворен од кога е активен.
„Ги поттикна и младите уметници да творат, да имаат концерти и оние поискусните за тоа што на уметноста само и треба простор да делува простор да твори и на уметниците и на самата уметност. За тоа верувам дека секое вложување во објект од културата и во културата воопшто навистина претставува голем влог во иднината. И токму затоа ваквото заокружување на оваа споменична целина и со сето тоа зеленило што го има околу парк ќе го дозаживее овој простор и нема повеќе да биде ниту паркинг, и ќе добие многу поубава и поразлична слика на тој дел од градот“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.











