Предлогот на Максим Димитриевски и за СДСМ е непристоен, вели во интервју за Директно на Тера телевизија, потпретседателката и коносителка во ИЕ5 Бисера Костадиновска-Стојчевска.
„Тое е една коалиција која што се случи многу порано пред изборите, тоа не е сега кога излезе претседателот на движењето ЗНАМ кога кажа дека ќе ја поддржат Силјановска-Давкова за што таа јавно се заблагодари. Што значи дека тука имаше една друга игра од многу порано и тоа не е ново сега. СДСМ во тоа препознава само желба за власт“ вели Костадиновска-Стојчевска во емисијата која на програмата на Тера е вечерва од 20:00 часот.
Таа вели дека вистински социјалдемократ кој долги години е член на партијата и го следи нејзиниот развој, никогаш не може да даде поддршка или најава за коалиција со режим во најава.
„Не може вие да зборувате за АСНОМ, за антифашистичка борба, а да седнувате во скут на некој што вели нема зошто ние да се откажеме од Ванчо Михајлов бидејќи тој е наш идеолошки претходник“ вели Костадиновска-Стојчевска.












